| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ вози според планот на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во четвртото коло од тенискиот турнир Вимблдон, што се игра на трева, го победи германскиот ветеран Томи Хас со 3-0 ( 6-1, 6-4, 7-6 ) во сетови.

Најавата на Германецот дека може да изненади против тенискиот рекет број еден не се оствари.

Полесно од очекувањата Србинот се пласираше во четврт-финалето, а на мегдан ќе му излезе Чехот Томаш Бердих, кој беше подобар од Бернард Томиќ со 3-1 (7-6, 6:7, 6-4, 6-4 ).

Вториот фаворит на турнирот, Британецот Енди Мареј, исто така, лесно и убедливо, со 3-0 во сетови, го победи рускиот тенисер Михаил Јужњи и се пласираше во четврт-финалето. Противник за полуфинале ќе му биде одличниот Шпанец Фернандо Вердаско.

Во останатите четвртфиналиња се среќаваат Давид Ферер со Хуан Мартин дел Потро и во полскиот двобој Лукаш Кубот против Јержи Јанович.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top