Објавен е официјалниот трејелр за новиот филм на македонскиот режисер Владимир Блажевски, „Година на мајмунот“ со кој вечерва ќе биде отворен Скопскиот филмски фестивал (20 часот, кино „Милениум“). „Година на мајмунот“ е „мека“ политичка сатира за едно необично пријателство меѓу еден осамен мајмун и чувар на Зоолошка градина кои живеат во превртениот транзициски свет.
Филмот „Година на мајмунот“ е во режија и по сценарио на Владимир Блажевски, а во продукција на „Панк филм“. Во оваа црна транзициска комедија на потписниците и на мега-успешниот „Панкот не е мртов“, инаку копродукција помеѓу Македонија, Србија, Словенија и Косово, главните улоги ги толкуваат: Игор Ангелов, Марија Кон, Решит Береда, Рефет Абази, Тања Кочовска и Петер Елиот. Директор на фотографија е Димо Попов, а станува збор за навидум „едноставна приказна“ во која во фокусот е бегството на мајмунот Коко од Зоолошката градина, всушност бегството на сите нас „од ропство во слобода“.
„Година на мајмунот“ својата интернационална премиера ќе ја има во рамките на Московскиот филмски фестивал, на 23 и 24 април, само неколку дена по првичното прикажување во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)