Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски нема слух за маките на струмичките производители на зелка.
Иако пред извесен период синдикатот на струмичките земјоделци побара итна средба со министерот Николовски, тој се уште нема никаков одговор или решение за проблемите кои произлегоа од драстично паѓање на цената на зелките.
Откупната цена на пролетната зелка најпрвин падна на 20 денари, потоа на 12 денари, а сега се откупува за 8–10 денари од килограм, иако производителите побараа цената да изнесува 30 денари од килограм.
Министерот Николовски се уште нема остварено средба со синдикатот на земјоделците, а ваквите ниски цени на зелките ги принудија земјоделците да ги фрлаат неоткупените зелки поради тоа што веќе скапуваат во нивите.
Земјоделците од струмичко поминуваат низ голгота. Власта остана глува на нивните барања, па она на што работат цела година, наместо да го продадат и да заработат, принудени се да го фрлат.
Овој земјоделец вели дека за нив е најважно да се дефинира цената на зелката. Барале средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од СДСМ, но тој ниту ги контактирал, ниту ги посетил.
Им било ветено дека килограм зелка ќе се откупува за 17-20 денари, а моменталната цена е само 8 денари. Чекајќи ја исплатата дури и за толку ниска цена, овие земјоделци остануваат без пари.
Огромни количини на зелка фрлија како знак на револт и аларм до институциите, дека нешто мора да превземат за да им помогнат.
Сведоштвото на земјоделец од струмичко, погледнете го во видеото во продолжение:
Интензивно течат преговорите со Русија и Украина за извоз на македонска зелка, а вчера се информирани сите останати дипломатски претставништва на Македонија околу проблемот со пласманот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Одговарајќи на новинарско прашање по посетата на УХМР, Николовски рече дека Министерството е постојано на терен и секојдневно разговара со земјоделците.
Цената на зелката во моментов е 10 денари за килограм, но посветени сме максимално на ова прашање и очекуваме резултат, нагласи Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)