| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Петките со кои Заев се фали пред јавноста, всушност се двојки

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски оцени дека во Извештајот на ЕК што беше објавен вчера за напредокот на Македонија „практично и не постои област во којашто е постигнат чист напредок и нема никакви забелешки во однос на работењето на оваа влада“.

-Доколку внимателно се прочита извештајот во ниедна од клучните области како што се јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, нема оценка дека е направен добар напредок, туку секаде пишува дека е постигнато одредено ниво на подготовка што преведено школски е двојка. Петките со кои Заев сака да се пофали во јавноста, всушност се двојки, рече Николовски на денешната прес-конференција.

Коментирајќи ги забелешките во Извештајот, Николовски рече дека корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем, исто како и политичкото мешање, а се крие и опсегот на користење на времените вработувања во јавната администрација.

-Извештајот за напредокот констатира дека „има клучни слабости во економијата“. Во Извештајот Брисел говори за „недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата сива економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високи стапки на невработеност. Фискалната политика е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација. Економијата сеуште страда од слабости во планови, ниските стапки на иновации и значајни недостатоци во инвестициите, вклучувајќи ја особено и јавната инфраструктура“. Накусо, СДСМ ветуваше инвестиции и вработувања, а во Извештајот се говори за висока стапка на невработеност и ранливост на економијата заради значајни недостатоци, рече Николовски.


Тој исто така посочи дека изминатиов период постои „инструментализација на судството кое се користи за политичка пресметка со неистомислениците“, односно нема ниту една истрага против актуелен функционер.

-Јасно е дека без разлика какви се извештаите што ги добива Македонија, отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ зависи исклучиво од решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето уставно име, додаде тој.

ВМРО ДПМНЕ смета дека Македонија не заслужила да биде во ист пакет со Албанија, бидејќи како што рече Николовски, Македонија е земја-кандидат за членство од 2005 година, а Албанија е земја кандидат за членство од 2014 година.

 

 

         – Граѓаните очекуваат СДСМ да си го исполни ветувањето што го даваше пред избори, а тоа беше прилично конкретно, евроатлантска интеграција на Македонија за шест месеци.  Засега единствениот резултат после една година работа е зголемување на корупцијата во таа насока Република Македонија ја добива оваа препорака за почеток на преговори која што иста ја добиваше и седум години по ред. Мора да констатираме дека позитивен извештај за Република Македонија не е новина туку нешто што го гледаме од 2009 година навака.

Накусо, рече Николовски, СДСМ ветуваше инвестиции и вработувања, а во Извештајот се говори за висока стапка на невработеност и ранливост на економијата заради значајни недостатоци.

-И самиот еврокомесар Хан претпладнево рече дека реформите мора да продолжат, особено во независноста на судството и економијата и не значи дека препораката не значи дека преговорите би отпочнале утре, а успех е членство во ЕУ, а не позитивна препорака.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top