За тоа дали ќе се реши спорот со името треба да се праша владата, одговори Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на прашање на новинарот дали ќе може да се реши спорот за името гостувајќи на телевизија АлсатМ
-Она на што ние се надеваме и сметаме дека така треба да биде е дека Македонија нема да го смени Уставот, нема да се задира во идентитетот, дека ќе бидеме членка на евроатлантските структури. Впрочем тоа и го ветувааа. Она што го ветија нека го исполнат- рече Ѓорчев.
Според него она што го покажуваат од Владата е дека сакаат решение по секоја цена. Одеднаш нагло се зголемија барањата на грчката страна, констатира Ѓорчев.
-Проблемот е сложен, ако не бил ќе го решеле и владите претходно. Сега оваа влада е во расчекор и треба да исполнат многу на многу адреси. Ние ја демонстрираме конструктивноста, но топката е кај нив- истакна Ѓорчев.
Според него ова не смее да биде Влада која се занимава со едно прашање.
-Ако со прашањето за името се занимаваат двајца тројца од владата, другите треба да работат во своите ресори. Не може спорот за името да биде оправдување за неизвршување на работите во министерството за труд и социјална политика, за работите во министерството во финансии и слично- посочи Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорчев до СДСМ: Кои се тие „европски вредности“ со 50.000 наполнети ливчиња?(видео)
-
Ѓорчев: Гласачите на СДСМ се изневерени, владата на Заев не ги исполнува ветувањата
-
ВМРО-ДПМНЕ досега поднесе 70 амандмани и бара мнозинството да го повлече законот за јазиците
-
Влатко Ѓорчев: Македонија од транзитна земја во мигрантската криза ќе стане земја домаќин на огромен број мигранти