За пратеникот Влатко Ѓорчев е евидентно дека владата на СДСМ целосно ја менува стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на мигрантската криза. Од акцискиот план на Министерството за труд и социјална политика јасно е дека Македонија од транзитна земја во мигрантската криза ќе стане земја домаќин на огромен број мигранти додаде Ѓорчев.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ Ѓочев истакна дека одговорно и хумано се грижеше за мигрантите и им беа задоволени сите потреби и беа згрижени и заштитени и во рок од 24 до 48 часа ја напуштаа земјата и го продолжуваа својот пат до целната дестинација. За да се лимитира нивното движење и да се помогне на полицијата и армијата во справувањето со мигрантите беше изградена и заштитната ограда на границата.
Со оваа стратегија која е за период од 10 години односно од 2017 година до 2027 се предвидува Македонија да биде земја домаќин во која трајно ќе бидат сместени огромен број на луѓе. Ѓорчев истакна дека Република Македонија ниту има ресурси ниту пак мигрантите сакаат да останат во Македонија. Македонија има свој проблеми со невработеност и со домувањето на сопствените граѓани и во тој контекст нашите граѓани треба да бидат приоритет и решавањето на нивните проблеми да биде основна цел на секоја влада.
Иако СДСМ најавуваше дебата за секоја тема никој не ги праша граѓаните дали се согласуваат со овој акциски план. Ограничените ресурси кои нашата држава ги има треба да се користат за социјални програми за граѓаните на Македонија. Во овој акциски план граѓаните на Република Македонија во овој акциски план не се приоритет туку се целосно маргинализирани и ставени настрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Ѓорчев до СДСМ: Кои се тие „европски вредности“ со 50.000 наполнети ливчиња?(видео)