Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети-Деваја, се појавува во сосема поинакво светло. Симпатичната политичарка, која досега ја гледавме како дебатира во Собранието и во многу различни дебатни емисии во различни ТВ станици, овој пат се појави како диџејка.
Мехмети на нејзиниот профил на „Фејсбук“ има објавено неколку фотографии на кои се гледа како таа пушта музика во еден локал.
Се чини и оваа професија добро ѝ прилега. И нејзините пријатели на социјалната мрежа позитивно ја имаат прифатено новата „улога“ на Мехмети. Тие пишуваат многу позитивни коментари под нејзините фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.