Револтирани граѓани од Ѓорче Петров бараат надлежните итно да го решат проблемот со улицата „Борис Сарафов“ пред училиштето „Мирче Ацев“ и да понесат одговорност за сообраќајните несреќи што се случуваат тука.
Во спротивно, тие велат дека секој ден ќе ја блокираат улицата и ќе станат порадикални.
Стотина жители од оваа скопска населба и вчера ја блокираа улицата на која беше прегазено 10-годишно дете кое со тешки повреди беше пренесено во болница. Според последните информации, детето е во стабилна состојба.
фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.