Бизнисменот Самир Мане, кој се смета за најбогатиот Албанец на Балканот, најави изградба на мини-град во Македонија.
Тој планира овој град да го изгради на местото на Скопски саем, откако неговата компанија го доби тендерот за негово рушење и реализација на огромен објект во кој ќе бидат вклучени хотели, станбени објекти и трговски центар, пренесуваат медиумите на албански јазик.
– Ќе почнеме да градиме град, но не во Албанија. Тоа е еден мини-град во Скопје, инвестиција од околу 300 милиони евра. Градот содржи 1.400 стана, голем трговски центар и четири кули со канцеларии. Овој проект ќе го почнеме во мај. Се вика „Смарт сити“ и многу брзо ќе биде присутен во Македонија – изјави Мане на гостувањето во емисија емитувана на албанската телевизија „Клан“.
Мане е познат по тоа што го изгради „Скопје сити мол“ и потоа им го продаде на Британците. Тој е сопственик на корпорацијата „Балфин груп“, која се состои од 18 компании, присутна е во седум земји и има повеќе од 3.000 вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)