Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ постигна три гола на исто толку натпревари за Лос Анџелес Галакси, а последниот беше во мечот против Чикаго Фајер.
Ибрахимовиќ веднаш стана миленик на фудбалските навивачи од Лос Анџелес на дебито за Галакси, откако постигна два гола против екипата на ФК Лос Анџелес.
Вториот гол беше за победа, а ист беше случајот со голот против тимот на Бастијан Швајнштајгер, Чикаго за победа на гости со 1:0.
Два гола на Камара претходно беа поништени поради офсајд, но совршен центар-шут на Ешли Кол и удар со глава на Швеѓанецот во првата минута од дополонителното време во првото полувреме беше доволен за постигнување на победоносниот гол.
– Натпреварот беше тежок, особено на вакво време. Мислам, ние имаме сонце, тие имаат ветер, но сонцето денеска беше посилно, па затоа сме среќни, рече Ибрахимовиќ по натпреварот.
Неговите голови му помогнаа на Галакси да се искачи на второто место во Западната конференција на МЛС. Чикаго по пет кола е претпоследен на десеттото место на Истокот со една победа, едно реми и три порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)