Ја знаеме ситуација на Македонија и ќе се обидеме да преземеме чекори во разјаснувањето на ситуацијата со оваа земја наесен, во периодот меѓу октомври и декември, посочи литванскиот амбасадор во ЕУ, Раимундас Кароблис, на новинрско прашање од агенцијат МИА.
– Ние дефинитивно ќе работиме на ова прашање, но мора да разберете дека е сензитивно бидејќи не една, туку две земји-членки на Унијата го блокираат почетокот на пристапните преговори – истакна Кароблис, претседавач со КОРЕПЕР-групата, при денешното литванско преземање на претседателството со ЕУ од Ирска.
За проширување тој посочи дека за време на литванското претседателство ќе се отвори уште едно поглавје од преговорите со Турција, а очекува и напредок во преговорите со Црна Гора.
Амбасадорот на Ирска при ЕУ, Рори Монтгомери, досегашен претседател, посочи дека Хрватска и официјално стана дел од ЕУ, а потсети и на датумот за Србија и на Договорот за стабилизација и асоцијација со Косово.
– Проширувањете е спор процес, но е неповратен и продолжува – посочи Монтгомери.
Приоритетите на литванското претседателство следните 6 месеци се идниот седумгодишен ЕУ буџет, зацвртстување на банкарската унија, фискална дисциплина, како и економски раст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.