Симболично, за нас ова има големо значење бидејќи првпат, со влегувањето на Хрватска во Европската унија, Македонците влегуваат во Европската Унија. Знаете, во хрватскиот устав Македонците се признати и тоа нам ни причинува особено задоволство и некоја лична сатисфакција, затоа што ќе немаат некои евробирократи алиби да не го користат зборот Македонци и Македонија, изјави претседателот Ѓорге Иванов во Загреб.
Претседателот Иванов, кој синоќа на загрепскиот плоштад „Бан Јелачиќ“ присуствуваше на централната прослава по повод влезот на Хрватска во Европската унија, упати честитки до граѓаните на земјата и им посака сѐ најубаво во нивниот натамошен развој.
– Со членувањето на секоја земја од нашиот регион во Европската унија добива целиот регион затоа што добиваме поддржувач. Еве сега, Словенија и Хрватска заедно го почнаа процесот познат како „Брдо процес“, да нашиот цел регион, сите оние што денеска бевме на појадокот, да се сретнеме повторно во присуство на францускиот претседател Оланд. Тоа кажува дека има желба да се соработува и да се помага – ја пренесе МИА изјавата на Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.