| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија ден по нападот – тажни слики (ВИДЕО)

Војските на САД, Велика Британија и Франција ноќеска изведоа ракетни удари во Сирија, како одговор на наводиот хемиски напад во Дума, во кои беа гаѓани складишта на хемиско оружје и научно-истражувачки центар. Во Хомс се погодени два објекти, западно од самиот град наводно складиште за хемиско оружје и едно складиште во близина на командниот центар.

Објавена е првата снимка од научно-истражувачкиот центар Барзех во Сирија по нападот на западните сили.

Американските власти изјавија дека се извршени „100 удари во еден напад“, а секретарот за одбрана Џејмс Матис истакна дека се работи за единствен напад и дека засега САД не планираат нови удари.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top