| четврток, 6 декември 2018 |

„Нека дојдат, ќе ги прошетаме“: Два тима инспектори за оружје пристигнаа во Дамаск (ВИДЕО)

Инспектори за оружје од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) пристигнаа во Дамаск, пренесува Еј-би-си. Со дозвола тимот ќе биде распореден на место каде што наводно се убиени повеќе десетици луѓе во напад со хемиско оружје извршен на 7 април, објавија британските агенции. Според сирискиот амбасадор во ОН Башар Џафари, два тима истражители од ОПЦВ доаѓаат во Сирија заради наводен погубен напад во Дума.

-Двете групи посебно ќе пристигнат во Сирија. Подготвени сме да ги испратиме до местата на кои сакаат да отидат, кога и да посакаат, рекол Џафари, преесува Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top