| четврток, 6 декември 2018 |

Лажен удар на Сирија: Снимките се од Украина, Саудиска Арабија, Ирак, Јемен (ВИДЕО)

Социјалните мреж се полни со лажни снимки и фотографии од нападот во Сирија. Ал џезира објави некои од нив за кои успеала да ги најде оригиналите.

1. Не е Сирија туку Украина

Видеото кое го споделија и Ен-би-си њуз и Прес ТВ и Телемундо е всушност видео од февруари 2015 и прикажува напад во Украина.

2. Сирија, но не овој напад

Нападот на снимката е од јануари 2013 година.

3. Одбрана, но на Саудиска Арабија

Русија и Сирија тврдат дека бројни сојузнички проектили се уништени пред да паднат на земјата. За видеово на Твитер се тврди дека прикажува рушење проектили – тоа е точно, но се работи за одбрана од проектили на Саудиска Арабија, а не на Сирија. Оригиналното видео го објавила Ал Арабија.

4. Јемен 2015 година

Уште едно за кое се тврди дека е од Сирија, а всушност е експлозија во Јемен во 2015 година.

5. Напад на Ирак

Освен снимката, се споделуваат и фотографии кои не го прикажуваат синоќешниот напад. На фотографијата е нападот на САД врз Ирак во 2003 година. Фотографијата скриншот од снимка на која е прикажан нападот на палатата на Садам Хусеин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top