| четврток, 6 декември 2018 |

Ја клоцнал, паднала, па пукал пред да избега – безбедносните камери снимиле сè (ВИДЕО)

Машко лице денеска пукало во вработената  А.Ѓ.  во маркетот „Кипер“ во Чаир.

Повредената А.Ѓ е префрлена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар во Скопје.

Случајот во полиција во 14:38 часот го пријавиле вработени во маркетот кој се наоѓа на улица „Кемал Сејфула“.

Како што информираат за МИА од МВР, полицијата излегла на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top