Големата кралска венчавка на принцот Хари и поранешната актерка Меган Маркл закажана е за 19 мај во капелата Св. Џорџ во виндзорскиот замок.
А како што традицијата налага точно шест дена пред венчавката јавноста ќе има можност да го погледа документарниот филм за нивната љубов под името „Хари и Меган: Кралска романса“ кој го продуцира тв мрежата Лајфтајм.
Тоа било случај и кога се венчавале принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Пред нешто помалку од еден месец излезе првиот трејлер за љубовната приказна на најпознатиот пар во моментов, а сега се појави и друг кој открива уште некои детали.
Новиот трејлер покажува како принцот и актерката се запознале, како и делови од нивното патување во Боцвана и разговорот меѓу Кејт и принцот Хари.
Премиерата е закажана за 13 мај, а главните улоги ги толкуваат актерката Парис Фиц-Хенли, додека принцот Хари ќе го игра Мареј Фрејзер.
Еве како изгледала првата средба на Меган и Хари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.