| четврток, 6 декември 2018 |

Навивач на Пелистер заврши во притвор – со тврд предмет го погодил судијата во глава (видео)

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Пелистер кон средината на првото полувреме беше во неколкуминутен прекин заради немил настан во кој беше инволвиран навивач на Пелистер и помошникот судија, јавува Гол.мк.

Со тврд предмет, член на малкубројната навивачка група од Битола, го погоди во главата помошниот судија Гоце Петрески од Скопје. Припадниците на МВР веднаш го приведоа, а натпреварот продолжи, откако на судијата му беше укажана лекарска помош. По првиот дел Академија Пандев и Пелистер играат 0-0, а битолчани од првиот натпревар донесоа предност од 2-1, пишува порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top