| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов ја намали субвенцијата за велосипедите во Скопје

Советот на Град Скопје денеска одлучи максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед по лице да изнесува 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице. Ќе се субвенционира и купување на рачен велосипед и рачен велосипед со електрично помагало за лица со посебни потреби, но не повеќе од 90.000 денари по лице.

Лани Град Скопје исто така доделуваше субвенции за велосипед, но износот беше четири илјади денари. Целта беше да се намали проблемот со зголемениот интензитет на сообраќај во градот, поради наглиот пораст на бројот на автомобили што, пак, значително влијае на загадувањето на воздухот.

Субвенции ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“. За оваа намена од тековниот буџет се предвидени 10 милиони денари, од кои 9 милиони за набавка на велосипеди, а 1 милиони денари за набавка на рачен велосипед или рачен велосипед со електрично помагало за лица со посебни потреби.

Информација за рокот за пријавување за субвенциите и критериумите за нивно доделување, Град Скопје ќе ги објави деновиве.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top