| четврток, 6 декември 2018 |

Лоренцо: Сум возел неколкупати со скршена клучна коска

Валентино Роси победи по 31 месец пауза во Мото ГП класата, на трката за Големата награда на Холандија, но во сенка на успехот на популарниот Доктор мина подвигот на Хорхе Лоренцо. Само 48 часа по големиот пех и пад во кој ја скрши клучната коска, Шпанецот учествуваше на трката и го освои 5. место, доволно да остане во битката за титулата. Лоренцо ги изненади сите со изјавата дека не му е првпат да вози со скршена клучна коска.

Lorenco

„Ми се случило и претходно, а во болница секогаш велат да мирувам. Ми ја наместија за да можам да се тркам, а ми рекоа дека ќе треба да се појавам на контрола во следниот период. Немам многу време до следната трка во Германија“, вели јунакот Лоренцо.

Трката во Холандија беше извонредно возбудлива, а Роси ја мина целта прв, што за него е 106. победа во кариерата и прва по таа во малезија во 2010 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top