| четврток, 6 декември 2018 |

Модните совети на Јанко Типсаревиќ

Што мисли за модата еден врвен спортист, а воедно и сопруг на модна дизајнерка? Во интервју за српското „Стори“, светскиот тенисер Јанко Типсаревиќ открива како ги избира модните комбинации, и која е неговата омилена облека

Верувајте само во она што го гледате во огледало. Тоа не лаже и ви кажува точно што изгледа добро на вас, а што не. Не плашете се да го носите она што го сакате најмногу и она што ве прави да се чувствувате добро, дури и ако тоа е надвор од модните трендови.

thumbnail (4)

Во плакарот треба да имате добар класичен костум бидејќи никогаш не знаеш кога ќе ти затреба. Добри фармерки и некоја интересна кошула или маица во комбинација со „старки“,  секогаш бил мојот избор.

Инаку, јас обожавам „старки“ и ги имаат во неколку бои.

thumbnail (2)

Не ги следам модните трендови и кога станува збор за изборот на гардеробата, не сум пребирлив, најважно ми е да се чувствувам удобно и пријатно во она што го носам.

thumbnail (5)
Ми се допаѓа комбинацијата на спортска јакна со фармерки како секојдневна варијанта. Најдобриот моден додаток насекој човек е неговиот добар став кон животот, оптимизмот и смислата за хумор. Друго и не треба …

thumbnail (1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top