Популарната музичка група „Тајфата“ продолжува без Никола Јанков-Коки. Момците од „Тајфата“ на својата официјална фан страна објавија статус во кој му посакуваат на својот довчерашен член успешна кариера, а објавија и порака испратена од Коки до останатите членови во бендот.
Александар и Влатко продолжуваат понатаму, а во бендот наскоро ќе се вклучат уште две познати музички имиња чиј идентитет се уште не го откриваат.
Новите проекти веќе се започнати, а денеска и официјално е промовиран нивниот видеоспот, во режија на Дарио Јанковиќ, кој беше изработен летово во комплетен состав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.