| четврток, 6 декември 2018 |

Емил Арсов им даде „Ајвар“ на Хрватите (ВИДЕО)

Младиот македонски пејач Емил Арсов соработуваше со хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ, кој за него ја направи песната „Ајвар“. Во песната, која својата промоција треба да ја има денес, Емил се труди да пее со далматински акцент, а колку тоа му успева, открива самиот Хулиќ.

– Се обидуваме да го приспособиме, тој е Македонец, зборува македонски, па таков му е и нагласокот. Не е едноставна трансформацијата од Македонец во Далматинец и тоа никогаш нема да биде изведено до крај. Можеби тоа ќе им пречи на Далматинците, но на другите нема – вели тој.

За „Ајвар“ е снимен и видеоспот, а како течеа подготовките, може да погледнете во прилогот од хрватската телевизија „Нова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top