| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, еден повреден во експлозија кај Зрењанин

Две лица се повредени во синоќешната експлозија на бомба  во близина на еден ресторант на патот за Зрењанин, јави Бета, која се повикува на информации од Брза помош. Експлозивната направа била сместена во еден автомобил, кој експлодирал во близина на ресторанот „Бела зора“ на патот за Зрењанин.

На местото на настанот биле пратени две возила на Брзата помош. Засега нема информации за состојбата на двете повредени лица во експлозијата. Вработените во ресторанот за Бета изјавиле дека екслозијата се случила на паркингот кој е оддалечен околу 100 метри од угостителскиот објект. Поради одалеченоста од паркингот при експлозијата ресторанот не претрпел никави штети. Најголема штета претрпеле паркираните автомобили чии стакла биле искршени.

Според српски Курир пак мажот загинал, а  жената е тешко повредена.  Мажот и жената, кои биле на возраст од околу 50-тина години, седеле во автомобил марка „пежо“ и се расправале. Жената почнала да вика по помош, а мажот во тој момент ја активирал бомбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top