| четврток, 6 декември 2018 |

Не ја видел стаклената врата и удрил во неа – видеото кое стана хит на интернет

Неверојатен клип, сниман во неименувана азиска земја, покажува како едно момче засилено оди кон влезот на трговскиот центар, додека една жена го следи. Во тој момент тој не забележува дека има стаклена врата, па се удира директно во неа. Вратата ширум се отвора, силно удира и стаклото се распрснува на парчиња. За среќа, човекот не изгледаше како да има сериозни повреди, иако на снимката се гледа дека се држи за главата.

Иако најверојатно човекот ќе треба да плати за штетата, на социјалните мрежи се сугерира дека треба да биде обратно, затоа што немало никаков знак за предупредување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top