Интернет порталот Ohrid1.com го објави повлеченото видео од You Tube на кое се гледа дека за време на церемонијата во Охрид која ја водел Владиката Тимотеј а во која учестуваа 1100 верници во обид да го фатат светиот крст за Водици , всушност се фрлени два крста.
На видеото се гледа дека набрзо откако е фрлен првиот крст по кој тргнуваат сите кои се во студената вода, во рацете на еден од најблиските до владиката се фрла и втор крст кој по извесен период мистериозно се појавува кај Варошанецот Јован Бабаче, кој и годинава се води како официјален наоѓач на крстот. Бабаче пет пати досега го нашол крстот во Охрид за Водици. Овој пат нему му беа потребни 20 минути да дојде до крстот. Или до еден од крстовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


