Дванаесет луѓе загинаа во бомбашки напад во близина на фудбалски терен во Ирак на кој се играл натпревар, соопштија ирачките власти.
При експлозијата биле ранети 24 луѓе.
Покрај фудбалските терени, на мета на терористите деновиве беа и фудбалери на локални клубови, верски објекти, пазари и припадници на безбедносните сили.
Насилството во Ирак бележи пораст од почетокот на годинава. Во екстремистичките напади само во мај загинале повеќе од 1.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


