Џихадистите од ИСИС се „повампирува“ во Ирак. Џихадистите на изненадување успеале да заземат две зони во градот Мосул, двете во западниот дел на градот.
Според информациите, голема е веројатноста џихадистите да ископале цела мрежа на тунели под градот. Така, се појавиле во региони каде никој не ги очекувал, а до скоро беа под контрола на ирачките сили.
Втора можност е џихадистите да се пробиле од стариот дел на Мосул и да воспостават контрола во други два реони на градот.
Иако нема официјални информации постои евидентна промена на најновите карти каде со црвено се обоени реоните под контрола на ирачките сили, а со темна реоните под ИСИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.