| четврток, 6 декември 2018 |

Ирачка армија: Мосул е целосно ослободен

Ирачките сили за безбедност соопштија дека целосно го ослободиле градот Мосул од „Исламска држава“ по речиси девет месеци борба против терористичката група, пренесе „AhlulBayt“, цитиран од агенциите.

Ирачките сили ја ослободиле последната населба држена од „Исламска држава“ во Стариот град на Мосул, објавувајќи целосно ослободување. Генерал-полковник Таер ал Кинани, командант на ирачката елитна антитерористичка служба му честиташе на народот на Ирак за ослободување на Мосул од „Исламска држава“. Тој додаде дека на места има уште судири меѓу владините сили и терористите.

Операцијата за ослободување на Мосул беше лансирана на 17 октомври 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top