| четврток, 6 декември 2018 |

Ексдиректорот на ЦИА им порача на Европејците: Погледнете сами што ви прават владите

majkl-hejden-ap_fПоранешниот директор на ЦИА, Мајкл Хејден, им порача на Европејците сами да погледнат што прават нивните влади, испровоциран од објавените информации во германски „Шпигел“ дека американската национална служба ги прислушувала канцелариите и компјутерските мрежи на ЕУ.

Хајден, кој беше директор на ЦИА за време на претседателствувањето на Џорџ Буш Помладиот, во гостувањето на „Си-Би-Ес“ изјави дека европските официјални лица мора да се погледнат во огледало пред да ги критикуваат САД.

Тој истакнал дека повеќе години е надвор од службата и не знае дали се точни тврдењата на германскиот весник.

–  САД се занимаваат со шпионажа. И Четвртиот амандман од Уставот на САД, кој го штити правото на приватност, не е меѓународен договор – рекол некогашниот прв човек на ЦИА.

Европската унија, гневна на информациите, соопшти дека чека одговор од Вашингтон, а Германија особено побара од САД итно објаснување истакнувајќи дека таквата практика потсетува на Студената војна. Објаснување побара и официјален Париз.

Вашингтон соопшти дека ќе одговори на обвинувањата за американските надзорни програми.
Според информациите објавени врз основа на документите што протекоа благодарение на американскиот оператицец Едвард Сноуден, САД ги прислушувале канцелариите на ЕУ во Брисел и во САД со микрофони поставени во дипломатската мисија во Вашингтон и во компјутерските мрежи. Под сличен надзор била и делегацијата на ЕУ во ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top