| четврток, 6 декември 2018 |

Со слика од храмот „Свети Сава“ повикуваат на линч на муслимани и одбрана на Европа од исламизација (ФОТО+ВИДЕО)

Фашистички скандал ја тресе Северна Ирска, а белградската соборна црква „Свети Сава“ е во центарот на вниманието на јавноста, јавува Телеграф преку специјален дописник од Обединетото Кралство.

Групата „Генерација Спарта“ (Sparta Generation) во јужниот дел на Белфаст, во кој живее мешано население – католици, протестанти и имигранти, дистрибуира флаери со кои повикува за „одбрана на Европа и отпор кон исламизацијата на Европа“.

Исто така, организацијата вели дека нејзините членови се протестанти и католици, но на флаерот и на официјалната веб страница може да се најдат само текстови и видеоматеријали за нивното англиско потекло, британските жртви на напади од страна на радикалните исламисти, како и приказни за потеклото на англискиот јазик и нивните ДНК корени, но има и телефонски број регистриран во Белфаст кој стои на флаерот и на веб-страницата.

Полицијата инцидентот сега го третира како говор на омраза, истрагата е во тек, а локалното население е многу вознемирено поради тоа што се уште е непознато кој стои зад овој инцидент, јавува Телеграф преку специјален дописник од Обединетото Кралство.

Во јужниот дел на Белфаст веќе има насилни напади врз имигрантите и нивните семејства. Како целта на десничарите се најдоа имигранти од исламски и африкански земји, како и мигрантите од поранешниот Советски Сојуз, Полска …

Според достапните информации, сите интернет сајтови и налози на оваа десничарска организација се отворени на истиот ден кога судот во Фолкстон, Англија, за дистрибуција на брошури и флаери и говор на омраза ги осуди на затвор Пол Голдинг и Џејд Франсен, лидерите на најголемите и најпознатите десничарски организации во Велика Британија – Прво Британија (Britain First).

Двајцата беа уапсени во Северна Ирска во 2017 година и беа судени во две одделни постапки: во Северна Ирска и во Англија. Томас Мер, член на оваа организација, беше осуден за убиство на пратеничката на Лабуристичката партија Џо Кокс.

Таа беше убиена на 16 јуни 2016 година, пред референдумот за излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Мер, за време на нападот, го извикувал името на оваа десничарска организација. Кокс беше добро познат борец за човекови права и еднаквост меѓу граѓаните на Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top