Сириската војска на просторот на ослободената Источна Гута откри мрежа на подземни тунели кои што ги направиле милитантите кои што се бореа против режимот на Башар Ал Асад.
Сириската државна новинска агенција „САНА“ објави видео снимки од просторот на ослободената енклава Источна Гута – војската пронашла комплексна мрежа на подземни тунели, па дури и подземна болница која што ја користеле милитантите.
На една од снимките може да се види тунел за кој што се тврди дека е долг 400 метри и спојува две подземни болници. Повеќе вакви тунели биле откриени на неколку локации од страна на војниците на сириската армија.
Милитантите практично од самиот почеток на граѓанската војна во Сирија ја држеа Источна Гута под своја контрола, а главниот град на Сирија – Дамаск, токму од Источна Гута најчесто беше гранатиран.
На почетокот на оваа година, сириската војска заедно со сојузниците организираше голема офанзива за ослободување на Источна Гута, а пред неколку дена беше потврдено дека сега целиот регион е под контрола на владините сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)