| четврток, 6 декември 2018 |

Татко му го фрли од прозор за да го спаси од пожарот, но остана без родителите и сестрата (видео)

11-годишниот Сергеј Москваленко, го преживеал страшниот пожар кој избил во трговскиот центар во Кемерово, само благодарение на неговиот татко, кој го фрлил од прозор од четвртиот кат. Меѓутоа, во пожарот ги изгубил своите татко, мајка и сестра.

На детето, кое се здобило со сериозни повреди во трагедијата во Кемерово, уште не му е соопштено дека семејството му е загинато, рекле неговите роднини. Сергеј не е во животна опасност, но има повеќекратни скршеници, бидејќи при падот удрил во клима уред и тенда.

Видеото од неговиот застрашувачки пад од повеќе од 12 метри висина го обиколило светот, пишува “Daily Mail”. Кога докторите го прашале дали се сеќава како дошол во болница, одговорил – “Летав”.

Некои сведоци веруваат дека неговиот татко го турнал додека висел на работ од прозорот. Како што пишува британскиот весник, ако тоа се докаже, тогаш неговиот татко, 35-годишниот Евгениј, му го спасил животот.

Неговите родители и сестрата биле на другата страна од прозорот од кој излегувал густ, црн чад, каде и починале. Сергеј при падот удирал во препреки, но го фатиле мажите кои држеле тепих.

Во Кемерово бил погребани неговиот татко Евгениј, мајката Олесија и сестрата Ксенија. Ожалостените семејства рекле дека погребувањето на најмилите било агонија.

Вујкото на детето, Вјачеслав, рекол дека детето засега може да одговара на прашања, но дека ништо не прашува.

Претпоставуваме дека се сеќава на се”, рекол Вјачеслав.

Неговите роднини сакаат да почекаат да заздрави пред да му кажат дека станал сираче. Како што јавуваат медиумите, во моментот кога ќе го известат покрај него ќе има и психолози. Бројни граѓани на Русија им пратиле пари на неговите роднини за да го одгледаат.

“Не баравме помош од луѓето, но цело време се нудат”, рекла неговата тетка Вера Лаврова.

За состојбата на малиот Сергеј известен бил и претседателот на Русија, Владимир Путин, соопштила министерката за здравство, Вероника Сквортсова.

“Заздравува, свесен е, и јаде сам”, рекла министерката.

Покрај детето кое ја преживеало трагедијата константно се неговата баба, тетка и вујко. Од интензивна нега бил префрлен во детското одделение, и наскоро би требало да ја дознае тажната вест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top