Раководството на фудбалскиот клуб Монако ги разгледува кандидатите кои би можеле да го заменат сегашниот тренер Леонард Жардим, ако тој одлучи да го напушти тимот.
Како што информира „Кориеро дело Спорт“, интересен за Монако е тренерот на Наполи, Маурицио Сари.
Италијанскиот весник наведува дека на Сари ќе му биде понуден договор за две или три години со плата од
шест милиони евра за сезона.
Договорот на Сари со Наполи истекува во 2020 година, а италијанскиот клуб сака да го продолжи, па неизвесен е неговиот трансфер во Кнежеството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.