Денеска Милан и гостува на Фиорентина во рамките од 27.коло од Серија А лигата. Со евентуален пораз првиот тренер на тимот Филипо Инѕаги може да се прости од клупата на гигантот од Милано.
Неговата судбина зависи од исходот на овој меч. Уште минатата недела по нерешениот резултат против Верона на домашен терен тој доби ултиматум од управата на клубот, ако не победи на следниот натпревар, сигурно ќе биде избркан од тимот. И со евентуална победа во вечерашниот дуел, не му гарантира дека ќе остане на клупата до крајот на сезоната.
За секој случај, управата на клубот веќе најде замена кој ќе треба да ја води екипата до крајот на сезоната. Станува збор за актуелниот тренер на Емполи Маурицио Сари кој досега немал можност да води голем тим во досегашната кариера. Сари има договор со Емполи до 2017 година, но ако навистина дојде до ситуација да дојде во Милан, веројатно нема да има проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.