Њујоршката полиција во средата изрешетала невооружен Афроамериканец кој им се заканувал на полицајците и пешаците со метална цевка, носејќи ја како огнено оружје, соопштиле од полицијата.
Името и годините на убиениот се уште не се објавени. На социјалните мрежи набрзо се појавиле и снимки од пукањето, а од групата насобрани граѓани, кои од полицијата биле одделени само со лента, се слушале повици – „тирани, тирани”.
Станува збор за ново во низата полициски убиства на невооружени Афроамериканци, кои предизвикале улични протести и поттикнале расправа за пристрасноста во американското кривично право.
Неодамна убиство на невооружен Афроамериканец во Калифорнија предизвикало демонстрации во Сакраменто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


