| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон ја открил новата мета на Ким: Ако успее во својот потфат, ни Американците нема да му можат ништо

Северна Кореја планира да спроведе уште едно контроверзно лансирање на ракета чија цел ќе биде, ни повеќе ни помалку, туку Месечината.

Шокантното соопштение од Пјонгјанг доаѓа само еден месец откако американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се согласиле да започнат дијалог.

Но постои страв дека Пјонгјанг со евентуално лансирање на ракета би можел да ги загрози понатамошните преговарачки процеси.

Извори од американската влада тврдат дека шефовите на Пентагон откриле сателитско лансирање во близина на истражувачкиот полигон Санун-донг.

Хион Кванг Ил, директор на научното истражување во Националната администрација за развој на аеронаутика во Северна Кореа, рекол дека неговото истражување и лансирање ќе помогне во “освојувањето на Месечината”.

“Иако САД и нивните сојузници ќе се обидат да го блокираат нашиот продор во вселената, ние ќе го освоиме и сигурно ќе ставиме знаме на Северна Кореја на Месечината”.

Западните сили неколку пати го критикувале Пјонгјанг за обидите за лансирање на сателити, бидејќи сметаат дека тие носат тајни проектили.

Минатата година Пјонгјанг спровел неколку тестови на ракети со нуклеарни боеви глави, кои довеле до тоа Доналд Трамп да се закани со “оган и бес”.

Но, постои надеж дека двете земји ќе најдат заеднички јазик во текот на средбата која е планирана за следниот месец.

Сепак, подоцна било откриено дека Ким би можел да ја посети и Москва.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рекла дека подоцна ќе биде објавен датумот на нивото на разговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top