Кривичната пријава за фотографирање на поранешниот директор на БЈБ и министер за внатрешни работи Митко Чавков никако да стигне на дневен ред во Јавното обвинителство, открива Катерина Гетева во нејзиното вчерашно издание на емисијата „Несомнено“.
Како што истакна Гетева, линчот врз Чавков почнува од првиот ден од неговото апсење, но причината зошто ОЈО не покренува кривичната одговорност за незаконско фотографирање на Чавков се уште не е позната за јавноста.
МВР го најде лицето кое го сликаше Митко Чавков во истражниот затвор Шутка, но јавното обвинителство никако да напише кривична пријава за лицето, пренесува Гетева.
Зошто со месеци не е поднесена кривична пријава за фотографирањето на поранешниот министер на МВР и директор на БЈБ Митко Чавков ако се знае кој неовластено го фотографирал во истражниот затвор Шутка.
Обвинителството потврдува дека ги знае сторителите на овој случај, но нејасно е што уште истражува кога се знае дека лицето кое ја направило фотографијата го виделе од затворската полиција во Шутка, а истото го утврдила и внатрешната контрола на МВР. Пријава за овој случај поднела и сопругата на Митко Чавков, вели Гетева.
Уште за време на првото апсење на Митко Чавков како да не важеа основните човекови права и презумцијата на невиност, па не беше доволно незаконското фотографирање од распитот пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд кога за прв пат беше уапсен во ноември лани, па неколку дена подоцна беше објавена фотографија од екс министерот на полицијата во истражниот затвор Скопје додека е на издржување на мерката притвор.
Срамната фотографија беше направена од истражната кула која гледа во дворот на Шутка. За овој случај под притисок на јавноста постапка отвори и внатрешната контрола на МВР. Тогаш од МВР објавија дека сликарот не бил вработен во затворот, туку бил припадник на единицата за поддршка на полицијата која во Шутка била ангажирана да го чува Чавков.
Чинот на фотографирањето го видел чуварот во Шутка и го пријавил случајот. Внатрешна контрола уште во декември истражи кој го сликаше Чавков, односно фотографијата ја направил еден полицаец кој потоа ја дал на негов колега, а тој ја објавил на социјалната мрежа „фејсбук“.
Линчот врз Чавков не престанува уште од првиот ден. Фотографиите кои беа објавени во јавноста наидоа на восхит кај дел од политичарите од СДСМ.
Гетева го анализира и повторното притворање на Митко Чавков, после одлуката на Врховен суд. Таа додаде дека ПР стратезите сигурно заборавија дека во октомври минатата година викаа фотографи за да го сликаат селењето на Чавков од функционерската зграда кај нова железничка во Скопје. А и кога го уапсија првиот пат, тој бил лишан од слобода од куќата во Ново Лисиче. Нејасно е како полицијата два пати го барала во празен стан во општина Центар кога и обвинението и на решението за притвор стои адресата во Лисиче, а надлежни за да вршат контрола дали Чавков ја почитува одлуката за куќен притвор се полицајците од полициската станица Аеродром, објаснува Гетева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)