После кратка и тешка болест во Белград почина композиторот, аранжер, инструменталист и пејач Миодраг Мича Николиќ.
Бил прв солист на оргули во Европа, а зад себе остави преку илјада песни, од кои најпознати се „Убавица на градот“ од Шабан Шаулиќ, „Како ми недостигаш“ од Харис Џиновиќ, „Ти, она и јас“ од Снежана Ѓуришиќ. Направил и неколку албуми за Верица Шерифовиќ, со која своевремено бил во брак.
Николиќ зад себе ги остави синот Саша, исто така композитор и ќерката Ивана и сопругата Лилјана.
Пријателите и музичарите се простуваат од големиот музичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.