| четврток, 6 декември 2018 |

„Денови на македонска музика“ ќе се отвори со првата електронска музичка композиција од македонски автор

Денеска во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика“, во 18 часот во Музејот на македонската борба, свечено ќе се отвори фестивалот на медиумски уметности „Звучна имерзија“. Прв од ваков вид во земјава, фестивалот ќе се одржи од 4 до 6 април во соработка со Македонската асоцијација за електроакустична музика.

На свеченото отворање на програмата ќе биде претставена композицијата „Елеорп 76“ (1976) од Драгослав Ортаков, за која се верува дека е прва електронска музичка композиција од македонски композитор, и македонска премиера на композицијата „Macedonian Air Drumming” (1990) од американскиот композитор Неил Ролник.

Програма:

Драгослав Ортаков (1928-2007)
*ЕЛЕОРП 76 (1976)

Нил Ролник (*1947)
**MACEDONIAN AIRDRUMMING (1990)

Програмски белешки од композиторот Нил Ролник:

„Macedonian AirDrumming е дело за соло-изведба кое користи музички влијанија од Македонија. Во есента 1989 година, поминав четири месеци во бивша Југославија, како Фулбрајтов стипендист, настапувајќи низ земјата и изведувајќи концерти со моја музика, како солист и во разновидни состави со локални музичари. Додека патував, мојот интерес кон традиционалната музика на регионот, којашто и претходно ја истражував во проектот Балканизацијаи, беше обновен и продлабочен. Најголемото искуство го имав во главниот град Скопје, каде што после еден мој авторски концерт домаќините ме почестија со концерт на македонска традиционална музика, кој траеше до раните утрински часови“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top