Утринско кафе , стари фотографии, потсетување на големите хитови, мууабети за кариерата… Со македонскиот композитор, аранжер, кантавтор, музички продуцент разговаравме во неговиот дом во скопската населба Лисиче. „Чија си“, „Дајте музика“, „Каде песно моја“ се само дел многуте композициите кои ги паметиме од Славе Димитров. Радио Скопје и Македонската радио телевизија се местата каде тој го поминува работниот век – од 1970 до неговото пензионирање 2010 година. Компонира и за најмладите и за возрасните. Се сеќаваме на музиката на играните серии „Загубено па најдено”, „До ре ми ”, „Опстанок”,„Јуначко колено”, „Дајте музика”,„Во светот на бајќите”, како и на хитовите „Зелката има кошули триста”, „Глушец ушец”… потоа музиката за филмовите „Исправи се Делфина” чиј саундтрак е снимен на грамофонска плоча кој присутен и денес во етерот, „Големата соба”, „Томе од Бензинската пумпа”,„За трошка среќа”, „Граѓанинот благородник“… Во 1990 година според песната „Чија си” по сценарио на Сашко Насев е создадена најгледната театарска престава во историјата на Македонија, а во 2004 според истото сценарио година на фестивалот „Охридско лето” премиерно беше изведен мјузиклот „Чија си” во режија на Виолета Џолева, во кој се инкорпорирани околу 25 познати негови евргрини… големите фестивали неможеа да се замислат без Славе Димиторв, кој денес важи за еден од најголемите борци за авторските права на композиторите.
Славе Димитров
Роден: 1 јуни 1946, Битола
Образование: Музичка академија во Белград, на одделот за музичка теорија (1966 до 1970)
Почетоци: Прв настап какопејач на 14 годишна возраст со оркестарот на ЈНА во битолскиот и кумановскиот офицерски дом. Прв аранжман во 1962 година за композицијата на неговиот професор Петар Сидовски “Воз без возен ред“. Прва своја композиција “Kажи ми”. Прв видео спот во 1967 во режија на Јован Ристиќ за ТВ Белград за протесната композицијата “На тој ден ”
Награди и признанија: Како автор и продуцент има добиено могубројни фестивалски 1-ви 2-ри, 3-ти награди од публика и од жири комисиии, за своите композиции на фестивалите “Омладина, 66, 67,68,69,70“,“Скопје 68, 69, 70, 71, 73, 74,75, 76, 77, и 78 и 79.”, “ТВ- спот фестивалот на МРТ”, “Ваш шлагер на сезоната 68 и 78 ”, “Cairo Inernational isong festival 1995”, “Кантавири 70”, “Раденци 84”, Награда на Сојузот на композиторите на Југославија…..” и други. Понатаму има добиено Диплома на народната младина на Македонија 1962, Естрадна награда на Македонија 1977, Естрадна награда на Југославија 1987, Награда “8 ноември” на градот Штип за 1990 година, Награда “Буба мара” за хит на столетието 1999 Награда 12 величенствени за трајни вредности 2004, Награда 13 за трајни вредности 2003, Општествена награда на градот Суботица за придонес на развајот на на Фестивалот Омладина” по повод 25 годишнината 1985 година, Плакета почесен член за Здружението Шпато 2005, Признание “Песна на милениумот” по повод дочекот на 2000 година, Признание на “Екран” топ хит на сите времиња , Признание на ЈРТ по повод 25 години на фестивалот “Oпатија” (1985), Признание на ТВ “Сител” за песна на векот 2000 година, Награда на градот Скопје “13 ноември” (2007), “Општествено признание за придонес на фестивалот МЛАДИНА – Суботица” (2011)
Опус: Над 1000 музички нумери (песни, аранжмани, нарачана музика…….) од кои по значајни се: Ах таа Танја – Владо Јаневски, Ајде да се смириме – Драган Мијалковски, Ајде да си легнеме – Маја Оџаклиевска, Ако желиш крај – Неда Украден, Балада за двајца – Славе Димитров, Без тебе – Трифун Костовски, Билјана платно белеше – орк.(1999), орк.(1976) Битола, Вера Јанкова и Славе Димитров, Битолски Патрдии – театарска претстава, Чао Ади, Сашка Петковска, Чија си – Славе Димитров, Дај поведи ме – Интервали, Дал имаш храброст, Зафир Хаџиманов, Дал да ти пријдан, Славе Димитров, Доцна е за двајцата – Сашка Петковска, Галеб мој си бел, Блага Петревска, Фолемата Соба – Тв драма, Хајди – театарска претстава, Исправи се Делфина – филм, Каде песно моја – Славе Димитров, Кога се лути тато – Игор, Летај, летај галебе – Македонија, Опстаник – ТВ филм, Песна за зелката – Стево и Сара Чепишевски, Саноќ седам Трено – Славе Димтров , Три шарени мачки- Ристо Самарџиев, во светот на бајките – Тв серија Убавицата и ѕверот- театарска претстава…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.