Жената која повреди четворица луѓе, а потоа пукала и во себе во седиштето на Јутјуб во Калифорнија, идентификувана е како Насим Агдам. По медиумите во моменотв кружат две верзии на можен мотив, првата поради наводната дискриминација на снимките кои ги објавувала, поради што губела пари и прегледи, а вториот дека нападот го извршила поради момчето кое работело во таа компанија.
Таткото на Насим Агдам, осомничена дека пукала во три лица во централата на „ЈуТјуб“, вели дека таа била гневна на компанијата, затоа што престанала да и плаќа за видео материјалите кои ги поставувала на сајтот.
Исмаил Агдам изјави дека ја предупредил полицијата за можноста неговата ќерка да отиде во централата, затоа што таа ја мразела компанијата. Освен тоа, во понеделникот тој го пријавил во полиција нејзино продолжено отсуство, бидејќи таа два дена не одговарала на телефонските повици.
Агдам рекол дека полицијата во Маунтин Вју му се обратила вчера околу 2 часот по локално време и му рекле дека ја нашле Насим како спие во автомобил. Тој ги предупредил дека може да отиде во централата на „ЈуТјуб“.
Портпаролката на полицијата во Маунтин Вју Кејти Нелсон потврди дека полицијата нашла жена со исто име и презиме како спие во автомобил на паркинг во градот во вторникот изутрината, која не сакала да даде објаснување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.