Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еден ден пред да се гласа Советот на општината, бил во градот и им се заканувал и уценувал дел од советниците, да не гласаат за предлогот за претседател на Советот на Таравари и Алијансата за албанците, кажа лично градоначалникот Таравари во гостување на телевизијата ТВ Глоби, тој зборуваше за сите опструкции кои му се вршат од страна на СДСМ и ДУИ, се со цел истиот да не биде успешен во менаџирањето на општината.
– Да не се осмелите да го поддржите Арбен Таравари, дури јас ги видов и пораките кои му ги испратиле на Кашмир многу високи фунционери кои сега се министри на СДСМ во смисла добро му направи, го блокираше, ова е голема работа. Овие пораки кога ги видовме се разочаравме, рече Таравари.
– Кога дојде време за избор на претседател на Советот на општината ние имавме сигурни 16 советници, кои би гласале. Така ги сметавме дури и со Кашмир се имавме договорено еден ден претходно да му помогниме за некои негови барања за ромската заедница, а тој да не поддржи, изјави Таравари.
Исто така и еден друг советник кој изрази готовност да ги поддржи сите измени кој ќе се случат во советот на општината и за жал, вечерта пред изборот на актуелниот претседател на Советот на општина Гостивар, насекаде низ Гостивар се разбра дека Министерот за внатрешни работи се шетал низ Гостивар и ги среќавал советниците еден по еден, ги уценува и ги заплашувал, а утредента се случи насилниот избор, како што го нарекувам јас, затоа што чинот да се користи полицијата за да се блокира по секоја цена еден општински совет, јас го сметам за насилен избор, дополни тој.
Според Таравари од тука почнуваат проблемите, тој вели дека информациите ги знаеле сите граѓани на Гостивар. Од СДСМ велеле дека министерот дошол на собрание на општинскиот огранок, но конкретно многу групи, односно 4 советници тој ги имаше сретнато еден по еден.
Таравари кажа и дека на денот кога се избираше претседател на советот, актуелниот претседател беше донесен со две полициски возила и околу општината имаше невидено присуство на полиција .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)