| четврток, 6 декември 2018 |

Кралска венчавка во Германија

svadbaПолската принцеза Хедвиг, ќерка на полскот крал и Георг, син на војводата од Ландшут пвторно ја завршија свадбената церемонија низ улиците на гратчето Ландшут во Германија. Всушност Вероника Хертл годинава е во улога на Хедвиг од Полска, а Фердинанд Шусер е младоженецот на оваа традиционална манифестација со која се одбележува вистинската свадба од 1475 година.

Всушност, ова е голем туристички зафат на поранешниот главен град на Баварија. Над 2000 граѓан ја оживуваат историјата цели три недели од 28 јуни до 21 јули. Се обидуват да го прикажт во целиот сјај доцниот среден век, облечени во костими, верни на оригиналот, со прослави на кои главна улога имаат експерти на коњи, жонглери, уметници и „јадачи на оган“. Во “камповите” се одржуваа различни турнири, па гостите може да го почувствуваат 15 век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top