СДСМ на 15тиот Конгрес гo менува Статутот. Партијата ќе ја добие Шекеринска како прв заменик- претседател, а се менуваат и процедурите за избор на општинските раководства. Дел од измените се најавени во насока за зголемување на учеството на младите и на жените во партиските органи. Со овие измени претседателот на партијата Зоран Заев смета дека партијата ќе зацврсне но и ќе се отвори за кон граѓаните.
Очекувано, Заев во обраќањето не пропушти да упати критики кон власта, од оценки за состојбите и процесот на евроинтеграции.
„Македонија од пример за стабилна демократија, денес живее во сивата зона на хаосот и конфликтноста во општетвото што сериозно се закануваат на опстанокот на земјата“, оцени Заев според кого „премиерот Груевски го монополизира и конзервира за себе авторството во преговорите со Грција, па затоа не може да бега од одговорноста кога губи“.
На конгресот не е присутен Бранк Црвенковски иако, според дел од медиумите, бил поканет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


