| четврток, 6 декември 2018 |

Минал во канализација 13 часа, го пронашле благодарение на отпечатоците од прсти на цевките (Видео)

13-годишниот Џеси Хернандес, само со чудо бил спасен од канализациските цевки во Лос Анџелес, каде минал речиси 13 часа, пренесуваат
американските медиуми. Хернандес, додека си играл со другите деца во една напуштена зграда, паднал низ дрвените греди на длабочина од осум метри и завршил во подземен токсичен лавиринт на градскиот канализациски систем.

Несреќата се случила во неделата попладне. Децата веднаш ги известиле возрасните кои ја повикале итната служба, а спасувачите со камери ги пребарувале канализациските цевки.

“Потрагата која траеше 13 часа беше трка со времето, бидејќи шансите за преживување се намалуваат во тоа токсично окружување”, рекол Ерик Скот од пожарното одделение на Лос Анџелес.

Во текот на потрагата повеќе од 100 пожарникари пребарале околу 730 метри од цевките во лавиринтот на канализацискиот систем со различна
длабочина водата, која се движи до 24 километри на час. Спасувачите, како што се наведува, не можеле да влезат во системот поради опасното окружување, поради што користеле камери. Џеси го барале, како што велат, со “Бетменски методи”, а го пронашле кога ги виделе фотографиите со отпечатоците од прсти на една канализациска цевка, по што на таа локација веднаш отвориле шахта.
Детето било пронајдено на околу километар и пол од местото каде паднало, на длабочина од три метри, и извлечено со помош на црево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top