Радољуб Ристиќ (28) од Куршумље, Србија не може да ја одлежи казната која му била изречена од 30 дена затвор бидејќи му била истечена личната карта. Тој тргнал во казнено поправниот дом во Прокупље за казната која ја добил заради сообраќаен прекршок кој го направил без возачка дозвола, тој на капија бил вратен.
– Казната беше 20 000 динари. Јас на судијата му ја кажав вистината – дека немам пари да ја платам, па бев одсуден на 30 дена затвор. Довив повик да се јавам на 23 март во затворот во Прокупље. Се спремив, купив малку храна, чоколади, сокови и цигари и тргнав таму. На капија ми кажаа дека на можат да ме примат бидејќи личната карта ми е истечена.
– Ми рекоа дека треба некако да го докаажам својата идентитет, а тоа не можам да го направам со истечена лична карта. Им ја понудив мојата книшка од војска, но не ми ја прифатија. Пасош немам, ниту возачка дозвола. Тие малку пари што ги имав, ги потрошив за да се подговтам за во затвор, па кога ме вратија морав да се враќам дома со авто – стоп, раскажува Радољуб.
Ристиќ дури и кога се обидел да извади нова лична карта наишол на препреки, па се уште не може да ја добие.
– Повторно бев во затворот, но пак ме вратија. Ми велат којзнае кој си ти, сакаш да одлежиш туѓа казна. Секој може да дојде тука, да се пријави како некој друг и да лежи за него. Да се чудиш… да сакаш да си ја одлежеиш казната, а да не те примаат, коментира Радољуб за својата необична ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија