| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе со денови плачело, а кога му ги соблекле чорапите следувал шок (Видео)

Џема Фрејзер, мајка од Шкотска, на својот Фејсбук профил објави фотографија за незгодата која и се случила на нејзината ќерка.

Поради долго русо влакно од главата на Џема, нејзиното бебе за малку ќе го загубеше прстот на ногата.

Додека и ја менувала пелената, Џема забележала дека едно прсте од ногата и се надуло и попримило речиси виолетова боја. Прво мислела дека ќерката има алергиска реакција, но кога подобро видела се шокриала.

-Бебето цел викенд беше нервозно и расплакано. Веднаш потоа се запрашав колку долго стоело влакното околу нејзините прсти и колку време требало потполно да ја прекине циркулацијата?, изјавила Џема.

Се обидела сама да го тргне влакното, но било претесно врзано и нејзината ќерка Орла не престанувала да плаче. Потоа повикала брза помош и на нив им требало 45 минути со ножици да го исечат вланото, додека кутрата Орла неутешно плачела.

Докторите веднаш и препишале антибиотик, но поради отворената рана и инфекцијата која не престанувала, нејзиното прсте со денови било потечено, така што морала итно на операција. Хирургот и отстранил деловите од влакното од нејзиниот прст, и година дена подоцна, раната целосно и заздравела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top