Триесет и три годишна мајка на две малолетни деца усепала да избега од насилниот сопруг, скокајќи од автомобил во движење. Жената стигнала и до полициската станица во Драчево каде го пријавила насилството.
МВР јави дека вчера во 16.40 часот во ПС-Драчево, Н.Г.(33) пријавила дека била физички нападната од сопругот И.Г. Пријавителката во село Драчево била пресретната од страна на сопругот и негов пријател, при што сопругот физички ја нападнал и со употреба на сила ја внесол во возило, но додека истото било во движење таа скокнала и се упатила во полициска станица да го пријави случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



