Министрите во власта не постапуваат по закон, туку по партиски притисок. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во гостување на ТВ Глоби, вели дека минстерката за образование и наука, Рената Десковска, пред да и ги одземе надлежностите на општина Гостивар му се јавила и му кажала дека и се врши страшен притисок од страна на функционери на ДУИ и дека како резултат на тоа практично не и се оди на работа.
– Министерката за образование претходно ме извести по телефон дека има страшен притисок од ДУИ, и дека практично не и се оди на работа од притисокот кој и се вршел за да се одземат надлежностите во образованието, вели Таравари.
Таравари и рекол на Десковска дека разбира дека ова е една политичка игра.
– Знам дека се врши притисок и врз неа, јас нема што да правам, слободно одземете ми ги надлежностите, како мислите така правете, но ова е кршење на еден од главните столбови на Охридскиот Договор, изјави Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)